„Аврам Писевски“ победник на фудбалскиот куп на општина Карпош

Од:

Во рамките на „Денови на општина Карпош“, денеска се одигра финалето во фудбалскиот куп организиран по повод роденденот на Општината 3 Ноември.

Екипата на ООУ „Аврам Писевски“ ги совлада своите ривали од ООУ„Лазо Трповски “ со резултат од 3:0.

Финалниот натпревар беше интересен за публиката поради квалитетната игра што ја понудија фудбалерите од двете екипи, а тимот на ООУ „Аврам Писевски“ имаше повеќе шанси за да ја зголеми разликата во конечниот резултат.

Победничкиот пехар на младите фудбалери им ги додели претседателот на Советот на Општината, Сашо Лазаровски.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош