(ВИДЕО) СДСМ: Трудот на работникот во Македонија со најниска цена

Од:

По изјавата на Претседателот на ССМ, Живко Митревски, дека воведувањето на минималната плата претставува историски успех, тој не може да се декларира како заштитник на работничките права, рече Јулијана Силјановска.

Митревски единствено може да ја извршува улогата на портпарол на владата на Никола Груевски.

Минималната плата која денес изнесува 8.050 денари а треба да достигне 10.080 денари за неколку години е неуспех на актуелната власт.

Поради погрешните политики Македонија е една од водечките земји по сиромаштија. Констатација и во последниот Извештај на Европската комисија.

Пред воведувањето на овој Закон минималната плата беше околу 5.000 ден. Но тогаш работниците земаа хранарина и превоз во висина од околу 5.000 ден, што значи дека минималниот приход беше околу 10.000 денари месечно.

Денес, со многу повисоки цени на струја, вода, храна, парно греење, разни комунални такси и јавни давачки, минималната плата не е доволна ниту за основните животни трошоци.

Живко Митревски и неговите ментори од ВМРО ДПМНЕ нека кажат како ќе преживеат граѓаните со 10 или 20 илјади денари кога потрошувачката кошничка за четири члено семејство е над 30.000 денари?

Македонија се уште останува со најниска минимална плата во регионот.

Екстремно е намалена вредноста на трудот на работникот во Македонија. Ако платата се подели со вкупниот број на работни часови, јасно е дека ова е историски најниската цена на трудот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ