Охрид на конкурс ќе бира како ќе изгледа кејот

Од:

Кеј Македонија во Охрид ќе добие ново партерно и хортикултурно уредување. Тазе преименуваниот кеј освен ново име ќе добие и нов изглед. Општина Охрид објави оглас за изработка на идејно архитектонско решение.

Според огласот од учесниците на конкурсот не се бара посебна стручна квалификација. Проектите заинтересираните треба да ги достават до 2-ри декември а општината предвидела и парични награди за најдобрите два плана кои ќе ги оценува жири комисја.

Првата награда за избраното најдобро идејно решение е во висина од 90.000 денари, втора награда е во висина од 30.000 денари. Зоран Рафтоски, Бранко Арнаудов и Горица Гаврилоска е составот на жирито кое ќе го оценува трудот на оние кои ќе достават проект до општината.

Во август годинава кејот „Маршал Тито“ беше преименуван во кеј „Македонија“ на што остро се спротиставија советниците од СДСМ додека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ беа на ставот дека кејот го добил името кое го заслужува- „Македонија“. За да се оправда промената на името на кејот медиумите почнаа да пренесуваат пораки од охридски интелектуалци за неодложната потреба дека „Маршал Тито“ мора да замине во историјата. Во медииумите се пишуваше дека охридски лекари, писатели, универзитетски професори, новинари се само дел од жителите на овој град кои ја поддржале идејата кејот да го носи името „Македонија“.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид