Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје денеска го избра доц. д-р Скендер Асани за директор на Институтот во наредните четири години.
– Асани беше избран едногласно од сите членови на Советот, односно со шест гласа од внатрешните членови и три гласа од надворешните членови, делегирани од Владата на Република Македонија, соопшти Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
Скендер Асани од 30 јуни годинава беше вршител на должноста директор. Тој е доктор на историски науки, автор на неколку научно-историски книги, претседател на Здруженето на историчари Албанци во Македонија и редовно вработен во Институтот како научен работник од 2008 година.