(ВИДЕО) СДСМ: Земјоделците трпат штети, а некој се богати – Хаос со ископот на песок во Росоман

Од:

Со ископ на песок во Росоман и околината се уништуваат речните корита на Вардар и Црна Река како и земјоделското земјиште долж овие две реки. Според информациите со кои располагаме постојат сериозни индиции дека станува збор за неконтролиран ископ на песок, рече Бетиан Китев.

Според него некој се богати додека земјоделците трпат штети, се уништува земјиштето, се намалува природниот материјал и се нарушува биодиверзитетот по долината на Црна Река.

Еден метар кубен песок вреди околу 800 денари. Просечно, еден тура со камион до 25 метри кубни вреди околу 20.000 денари, вели тој.

Во продолжение на прес конференцијата рече:

Со само десетина тури песок дневно, месечната заработувачка може да достигне и до 90 илјади евра. Годишно, тоа се повеќе од 1 милион евра!

Песокот од овие реки се исцрпува дури и навечер. Што потврдува дека нешто се крие.

Поради неконтролираното копање песок нивото на подземните води е намалено на повеќе од 6 метри. За наводнување, земјоделците се принудени да прават нови бунари што значи дополнителни непотребни трошоци.

Пред некоја година, токму неконтролираниот ископ на песок допринесе да се сруши и мостот на Црна река.

Бараме сите надлежни институции веднаш да спроведат соодветни законски активности за расчистување на хаосот со ископ на песок во Росоман.

Ние граѓаните, очекуваме одговори:

Кој и зошто го толерира хаосот со ископ на песок во Росоман?
Кој ќе ја надомести штетата што ја трпат земјоделците со уништување на речните корита и земјоделското земјиште?

Во чиј џеб завршуваат парите од ваквото неконтролирано копање песок?
Дали меѓу профитерите има и локални моќници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ?

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски