(ВИДЕО) Костова: Ќе се жалиме на Врховен, Уставен и до Стразбур

Од:

Главната уредничка на Фокус, Јадранка Костова најави жалба до Врховен суд за одлуката на судот Фокус на директорот на УБК, Сашо Мијалков да му плати 9.300 евра оштета за клевета за пренесена изјава на поранешен амбасадор.

Костова најави дека ќе продолжат да ја бараат правадата во повисоките судови а крајна цел им е судот за човекови права во Стразбур. Убедена е дека темата која ја објавиле во дневниот весник Фокус кој веќе не постои била од јавен интерес а како изјава пренеле став на амбасадор поставен токму од државата.

Пресудата која ја добиле од судот ја првеле на англиски јазик и ја препратиле до сите релевантни институции соопшти Костова. Според неа пресудата за Фокус е многу добар пример преку кој може да се направи компарација за двојниот стандард на судиите.

„Ние кога пишуваме секогаш внимаваме. Или имаме документи или имаме човек кој дава официјална изјава и мислиме дека е релевантен но за жал ние многу ретко од одредени министерства и институции добиваме официјален одговор и тоа трае со години. Нашиот професионален обид да ја добиете и другата страна секогаш завршува на таков начин со тенденција да не направи непрофесионални. Јас мислам дека постојат и некои други кои исто така треба да внимаваат во својата новинарска дејност, но тоа за жал поминува поинаку пред судот“, рече Јадранка Костова.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски