Нигериската влада подготвува тужба против мултинационалната компанија „Кока-Кола“, бидејќи не ги почитувала барањата на Советот за заштита на потрошувачите, односно поради две до половина наполнети и рѓосани лименки „спрајт“.
Државниот обвинител, Мухамед Бело Адоке поднесе тужба до Федралниот Висок суд во Абуѓи против компанијата „Кока-Кола“, во Нигерија и нејзиниот извршен директор, поради прекршување на Законот за заштита на потрошувачите.
Во поднесокот компанијата се обвинува за „намерно пропуштање, одбивање или занемарување“ на обврската да се појави пред Советот за заштита на потрошувачите и да го стави својот процес на производство под негова контрола.
Во случај обвиненијата да се докажат, можно е надлежните да се соочат казна од три до пет години затвор.
Инаку како што пренесуваат медиумите, Советот во февруари ја предупредил компанијата дека Нигерија не е депонија за производи кои се под стандардите за квалитет, а особено ги нагласи жалбите на потрошувачите за рѓосаните лименки.
Официјалните лица од „Кока-Кола“ за сега не се достапни за коментар, наведуваат агенциите.
Е. Г.