Претставници на Северна Кореја денеска првпат ќе се сретнат со специјалниот истражител на Обединетите нации за човекови права Марзуки Дарусман.
– Тој е многу оптимистичен по тој повод и многу задоволен да ја слушне нашата страна, истакна Чое Мјонг Нам, претставник на севернокорејското Министерство за надворешни работи задолжен за човековите права,
Чое наведе дека Северна Кореја сака „нов и објективен извештај“ за состојбата со човековите права, додавајќи оти претходниот бил заснован на гласини.
Состанокот ќе се одржи откако Дарусман го претстави годишниот извештај за Северна Кореја пред одборот на Генералното собрание на ОН за човекови права. Извештајот препорачува Советот за безбедност на ОН да се обрати до Меѓународниот кривичен суд поради лошата состојба на човекови права во Северна Кореја.