Овој мал мултифункционален стан, кој има само 20 метри квадратни, слободно може да се нарече „четири во едно“. Станот има сосема едностваен дизајн со природна палета на бои со благи тонови, во кој целата површината е максимално искористена.
Овој стан е организиран во четири функционални целини, кои ја имаат имаат улогата на дневна соба, спална, работна соба и трпезарија. Со широкиот и убав распоред и целокупниот дизајн на оваа гарсоњера, создаден е модерен простор. Дневната соба во ноќните часови се претвора во соба за спиење, додека аголот под скалата е искористен за мала куќна канцеларија.
Во собата има кревет и неколку парчиња мебел кој помагаат таа да биде што поудобна спалана. Во ноќните часови, масата за кафе има функција на ноќна масичка на која има убава светлика. Во текот на денот, постелнината се складира во фиока која е сокриена под малата масичка. Украсите се сведени на минимум, за да се добие едноставен простор. Нежната, а воедно и пријатната палета од светли и природни бои е нитка која просторот го прави сосема едноставен и хармоничен.
Полиците се сместни по должината на ѕидот. Мебелот кој е од природни материјали, дава свежина на малиот, но убав простор – посебно елементите од бабмбус, кои воедно го носат акцентот на убавината и раскошноста и се направени едноставно со користење на платно.
Вазните и зелените садови се само еден дел од декоративните детали, кои даваат посебна ведрина на овој мал, но убав дом.