Кошаркарска победа за ООУ „Јан Амос Коменски“

Од:

Во спортска атмосфера и пред многубројна публика, теренот во спортско-училишната сала во ООУ „Војдан Чернодрински“, вистински се „тресеше“. Со 20 коша разлика, ООУ „Јан Амос Коменски“ го подигна пехарот на кошаркарскиот куп по повод 38-от роденден на Општината, и го совлада ООУ „Лазо Трповски“.

Крајниот резултат од 60:40 (ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ „Лазо Трповски“) заврши со фер и коректен поздрав помеѓу кошаркарите.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски им ги врачи дипломите на шампионите и на вицешампионите на овој финален натпревар.

stevco-kosarka

– Посебно ми е мило што овој пат победник е основното општинско училиште „Јан Амос Коменски“. Бидејќи секоја година ова училиште како да го заобиколуваа победите во кошарка.

– Се надевам дека ваква натпреварувачка борба ќе имаме и во училишната лига и посакувам еден ден некој од вас да стане репрезентативец на Република Македонија. – заврши Јакимовски и додаде дека спортскиот дух кај децата е важен дел за нивното понатамошно развивање.

 

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира