ОБСЕ: Изборите во Украина беа спроведени согласно правилата

Од:

Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) оценија денеска дека вчерашните парламентарни избори во Украина се спроведени согласно правилата, дека на гласачите им бил даден вистински избор и дека тие во голема мера се во согласност со демократските стандарди.

– Изборите претставуваат важен чекор во напорите на Украина да спроведе демократски избори во согласност со нејзините меѓународни заложби, изјави Кент Херштет, специјален координатор на ОБСЕ.

Според него, има многу позитивни работи во изборниот процес, посочувајќи ја тука, како што рече, непристрасната и ефикасна Централна изборна комисија.

Тој истакна дека во текот на изборите забележано е целосно почитување на осовните човекови слободи и права.

Херштет нагласи дека гласањето и пребројувањето на гласовите биле транспарентни, а кампањата конкурента и јавна, иако имало случаи на закани и заплашувања врз кандидати и гласачи.

Тој медиумската работа ја означи како разнолика, но потенцира оти е забалежан недостиг на независност кај некои медиуми, кои биле раководени од политички и корпоративни интереси.

Херштет посочи дека во набљдувачката мисија имао над 900 лица од 43 земји. 

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он