Демант на општина Охрид

Од:

Општина Охрид испрати „демант“ за текстот на А1он за автобуската станица во градот, во кој нема демант на објавената вест, туку политички видувања на општината и лични дисквалификации и лаги за дописникот на А1он.

Оштина Охрид не демантира дека актулениот градоначалник кажа дека прва задача ќе му биде изградба на автобуска станица, а веќе половина од мандатот му помина, како што стои во тесктот на А1он, туку се навраќа на времето на СДСМ, и што направиле со автобуската станица, што е ирелевантно, зашто ветувањата градоначалникот ги даде токму знаејќи каква е состојбата во Охрид кога се кандидирал. А1он ја објавува интегрално рекацијата на општина Охрид, која ќе ја зачува повторно, за да провериме до каде е исполнето ова ветување.

Демант на општина Охрид во однос на објавениот текст на A1ON за автобуската станица во Охрид

СДСМ – Охрид, за жал продолжува со својата “циркусијада“ односно за работи кои таа ги уништила да обвинува други.

Потсетуваме дека Охрид имаше уредна автобуска станица која ја урна и уништи СДСМ- Охрид и ја изгради сегашната .

Имено, актуелната автобуската станица во Охрид е “дело“ на претходната локална власт од СДСМ која ја урна старата автобуска станица иако истата беше изградена по сите прописи за вакви објекти. СДСМ – Охрид, автобуската ја дислоцира по што ја изгради сегашната за која сметаме дека е неадекватна за градот и правиме се на нејзино место да се изгради нова автобуска станица.

Треба ли да ја потсетиме јавноста дека бившото раководство на градот Охрид и кадрите од СДСМ –Охрид во предизборни цели на една смешна церемонија организирана во Центарот за култура “Григор Прличев“ се заколнаа пред икони дека старата автобуска станица ќе остане таму каде што е, и нема да се градат згради .

Како и сите ветувања така и ова се покажа како лажно и иако се заколнаа , кадрите од СДСМ- Охрид повторно излажаа и овозможија да се изградат трите кули за кои градот не доби ниту еден денар од комуналии бидејќи беа наплатени со цесија , а Општината не доби ни деловен простор бидејќи истиот го конфискуваа извршители за долгови направени од власта на СДСМ – Охрид.

Да не се работело вака Охрид ќе имаше пари сам да ја изгради автобуската станица, наместо сега преку разни форми на финансирање макотрпно и упорно да се троши енергија и време на солуција за градба на новата автобуска станица.

Впрочем, ако СДСМ мислеше за доброто на Охрид, современа автобуска станица ќе изградеше во релативно долгиот период од 8 години колку што беше на власт. Својата огорченост СДСМ најверојатно настојува да ја лекува со очекувањата, новата локална власт и градоначалникот Никола Бакрачески истата да ја изградат за само година и половина од преземањето на мандатот.

Градоначалникот Бакрачески се што ветува исполнува и до крајот на неговиот мандат ќе биде реализиран проектот за современата автобуска станица во Охрид.

Што се однесува до повторните написи на А1 –ON, јавноста ја информираме дека дописникот на овој портал од Охрид кој воедно е и портпарол и претседател на младината на ВМРО-НП, Охрид продолжува со неосновани напади кон локалната власт , мотивиран од личниот анимозитет кој го има кон охридската локална власт.

 

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид