(ВИДЕО) Жерновски: Момчето на фотографијата со Јанкулоска беше носител на вандализмот врз Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и испрати писмо на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска со покана да присуствува на седница во општина Центар.

Zernovski (1)

Тој од пред МВР ја повика да дојде во термин кој и одговара и конечно да се расчисти инцидентот со вандализмот врз општината од минатата година, кога таканаречената Веритас протестираше поради црквата. Тој покажа фотографии на еден од сторителите, меѓу кои и таа на министерката и како што рече момчето кое беше предводник на вандализмот врз Центар.

-МВР досега дека не знае кој се и не може да ги открие сторителите, меѓутоа вчера повторно излегоа слики каде еден од рушителите на општина Центар е сликан со градоначалникот на Град Скопје и со Силвана Бонева.

Еве го истиот со координаторот на советничката група во општина Центар. Тој викаше дека протестира заради инетресите на црквата.

gruevski-i

Истото младо момче кое протстираше е фотографиран и со премиерот. И еве зошто сме пред МВР, еве уште една личност-ова е министерката за внатрешни работи сликана со еден од носителите на вандализмот во општина Центар. Сега очекуваме да реагира Јанкулоска, рече Жерновски.

sovetnici-i

Според Жерновски, кога се каменува владата за неколку часа ги открива сторителите, а за општина Центар нема ништо повеќе од една година, иако учесниците во инцидентот на сите им се познати и постојат видео докази.

-Како градоначалник на најурбаната општина во Република Македонија на чија територија се наоѓаат и зградата на Владата на РМ и МВР, чувствувам непријатност кога Европската комисија, втора година по ред нотира сериозни забелешки за односот на централната власт кон Центар, притоа сега и конкретно забележува дека „имаше недоследни истраги од страна на власта за нападите и вандализмот вез зградата на Општина Центар.

jankuloska-I (2)

-Ќе се согласите дека за имиџот на Рапублика Македонија не е добро Европската Комисија да забележува дека Владата свесно дискриминира една општина во главниот град само затоа што е раководена од опозицијата. Дополнително, во изминативе години јавноста била сведок и на спектакуларни апсења и на серија прес конференции со кои Вие и Вашето министерство сте обелоденувале повеќе полициски акции нарекувани со „звучни“ називи со кои сте се обидувале да создадете перцепција за ефикасност. Без оглед дали се непревземањето на конкретни мерки на МВР за инцидентите во Центар е последица на недостаток на капацитет, или отсуство на политичка волја недозволиво е 15 месеци да не се откријат насилници фатени на камера. Уште повеќе што наводната НВО „Веритас“ која тогаш се јави како организатор на протестите воопшто не е регистрирана како невладина организација. Оттука, со желба да се расчисти инцидентот, во неколку наврати Ви се обративме со барање да се превземат сите неопходни мерки за целосно расчистување на настанот кој е нотиран во дневниот билете на МВР уште на 8. јуни 2013 година, пишува во писмото на Жерновски со министерката Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара оставка на Министерот за внатрешни работи

МВР: Уапсено е момче од Липково по собирот за денот на албанското знаме во Куманово, а оштетени се шест возила

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он