Груевски и Ахмети договориле формирање работни групи за преговори за нов владин состав

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба се договориле за формирање работни групи кои ќе преговараат за формирање на новиот владин состав, се вели во заедничкото соопштение на двете партии.

– На средбата се разговараше за изборниот процес, при што двајцата соговорници дадоа позитивна оценка за изборите и за демократската и слободна атмосфера во која се одвиваа. Ахмети и Груевски се договорија за формирање на работните групи кои ќе преговараат за формирањето на новиот владин состав, се наведува во соопштението.