Во североисточниот дел на Нигерија за време на викендот киднапирани се околу 30 адолеценти, меѓу кои и девојче од 11 години, а како одговорни за киднапирањето се сметаат екстремисти на Боко Харам.
Децата се киднапирани во селото Мафа, кое се наоѓа на околу 50 километри источно од градот Мајдугури. Според жителите на селото киднапирани се момчиња од 13 години и постари, и девојчиња од 11 години и постари. Во изминатите два дена киднапирани се 30 деца.
Околу 200 девојчиња на возраст меѓу 12 и 15 години се киднапирани кон половината на април во селото Варабе, во државата Борно. Одговорноста за тоа ја презема Боко Харам. Нигериските власти се уште прават напори за нивно ослободување.