Симона Халеп се пласираше во финалето од завршниот женски турнир кој неделава се одржува во Сингапур.
Таа во полуфиналето беше подобра од Ањешка Радванска со 6:2, 6:2.
Нејзина противничка во финалето ќе биде Серена Вилијамс која и покрај сите проблеми, обезбеди полуфинале каде утринава во три сета и со тај-брејк во последниот сет ја победи Каролина Возниацки.