Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа што се случила на автопат во планинскиот дел на Непал, на околу 50 километри западно од престолнината Катманду, соопшти денеска полицијата.
Во автобусот се наоѓале речиси 100 лица, меѓу кои имало туристи од Израел и локално население кое се враќало дома за да го прослави хиндуистичкиот празник Дивали.
Во несреќата се повредени неколку десетици лица, од кои 20 се сместени во болниците, пренесоа американските медиуми.
Меѓу погинатите има двајца, а меѓу повредените четворица Израелци, информираа израелските медиуми.
Автобусот се движел околу 100 метари надвор од патот низ стрмина, а полицијата ја истражува причината за несреќата.
Во Непал сообраќајните несреќи се честа појава, пред се, заради лошото оддржување на патиштата и старите превозни средства.