Општина Струмица: Заев за власта претставува ноќна мора со секој успешно реализиран проект

Од:

Зоран Заев му задава главоболки на Никола Груевски. За власта претставува ноќна мора секој успешно реализиран проект во општина Струмица. Само затоа што низа на проекти се спроведени од првиот човек на опозицијата и еден од најуспешните градоначалници во Република Македонија, велат оттаму.

Идентично, критизерски и без аргументи, Власта регираше и за гасификацијата на Струмица. Додека ВМРО-ДПМНЕ се уште ја најавува гасификацијата на главниот град Скопје и другите региони, во Струмица, институциите, домаќинствата и стопанството го користат овој евтин еколошки енергенс уште од 2012 година.
Ќе ја потсетиме Власта дека и првата катна гаража во Република Македонија е направена во Струмица. Карактеристика на градот е и првиот подземен паркинг како и значителното подобрување на квалитет за живот на граѓаните на Струмица.
Како и многу други проекти, Зонското паркирање се воведува по претходна консултација со граѓаните на Струмица и спроведна анкета.

По неколкумесечната анализа за решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, укажувањата од експертите беа организирањето на паркирањето да се воведе на три булевари и неколку улици кои што гравитираат околу нив, а се со цел да се овозможи поголем проток на возила и повеќе место за сите.

Граѓаните на Струмица кои живеат во ова подрачје каде што се воведува зонското паркирање, исто како и до сега, нема да плаќаат за едно возило, односно, паркирањето ќе биде бесплатно.

Со временското ограничување на паркирањето ќе се постигне значајна цел, а тоа е одвикнување на граѓаните од паркирање по булеварите и нивно пренасочување во затворениот паркинг под плоштадот и катната гаража.

Приходите од зонското паркирање во општинската каса ќе бидат нула денари.
Омаловажувањето на Струмица, што го прави „Курир“ дека не бил голем град ниту пак туристичко место нема да го коментираме. Ги повикуваме да ја посетат Струмица и да ја почувствуваат големината на струмичани.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ