Кежаровски: Не сум виновен, пишував за јавен интерес

Од:

Новинарот Томислав Кежаровски пред судскиот совет на Апелациониот суд  отрфрли било каква вина и побара да се укине затворската казна и притворот.

Кежаровски пред Апелациониот суд кажа дека сакал да открие крииминал и вистината во случјот „Ореше”, а нечиј заштитен идентите кој произлезе и дека е  лажен.
Тој кажа дека не можел да го открие изворот на информацијата и дека не сакал да му наштети, што произлезе дека е кобно за него.

Кежаровски потсети дека има добиено 4, 5 години затворска казна за новинарски текст и уште е во притвор, додека за прегазување луѓе многумина поминаа многу полесно. 

-Aко сакав да му наштетам на сведокот ќе го прегазев  и немаше да одговарам. Јас не сум виновен, пишував за јавен интерес, рече Кежаровски.

Побара укинување на мерката притвор. Според него, поривот за пишување на текстови беше да се откријат сите небулози околу целиот случај „Ореше“, а водич му била вистината.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ