Пред почетокот на процесот по жалбата на Томислав Кежаровски, поддршка му дадоа колегите и побараа од Апелациониот суд да ја укине казната затвор и домашниот притвор за новинарот.
-Новинарите со свето присуство ја покажуваат својата посветеност и важност за случајот Кежаровски. Очекуваме од судот да ја донесе единствената можна одлука, а тоа е ослободителна пресуда за нашиот колега кој беше осуден на 4,5 години затвор за текст, за дело кој е основата за нашето делување. Очекуваме судот даја укине одлуката за домашен притвор и да го ослободи Кежаровски, рече Тамара Чаусидис од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.
Кежаровски се појави во судот со придружба од двајца полицајци. Апелациониот суд треба да одлучи дали ќе ја укине пресудата на кривичниот суд или пак предметот ќе го врати на повторно судење.
Осуда за казната на новинарот досега стигна од меѓународната заедница како и од Европската Федерација на новинари и Меѓународната Федерација на новинари кои бројат над 300.000 членови.