Кристијан Бејл не требаше да помине низ вообичаена аудиција за да добие улога во филмот за животот на основачот на „Епл“, Стив Џобс,
– Ни требаше најдобар актер на одредена возраст, а тоа е Крис Бејл. Немаше аудицијата. Имавме состанок, рече сценаристот, Арон Соркин, кој за сценариото на филмот „The Social Network“ освои и Оскар.
Соркин се уште работи на сценариото според книгата на Влатер Ајсаксон „Стив Џобс“, а снимањето би требало да почне по неколку месеци.
Имаше гласини дека Џобс ќе го толкува Леонародо Ди Каприо, но тие се покажаа како неточни.
Покрај Соркин и Бејл, кој освои Оскар за споредна улога во филмот „The Fighter, во проектот за Стив Џобс е вклучен уште еден оскаровец. Станува збор за Дени Бојл, кој освои Оскар за филмот „Slumdog Milionaire“.