Србија денеска испрати официјален протест против одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за условно признавање на Косово, пренесоа американските медиуми.
Одлуката на извршниот совет на МОК, што беше донесена вчера, на Косово му дава можност да испрати своја олимписка екипа на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
Признавањето на Косово ќе биде предложено за официјално одобрување на заседание на МОК во декември во Монако.
Косово својата независност ја прогласи во 2008 година, но Белград не го признава неговото отцепување.
Српскиот олимписки комитет денеска соопшти дека „најостро ја осудува“ одлуката на МОК и поднесе официјален протест, подвлекувајќи дека неговите идни активности ќе зависат од официјалната српска политика кон Косово и од
препораките на српските политичари.
Србија тврди дека МОК не може да го признае Косово, затоа што тоа не е членка на ОН.