(ВИДЕО) Атанасов: Груевски лично ја призна катастрофата во образовните политики на власта

Од:

Лично премиерот Груевски, јасно и гласно, ја призна катастрофата во образовните политики на власта. Откако отворија разни универзитети, измислени факултети, дисперзирани студии каде стигнаа, за да земат дипломи сите што требаше да седнат во функционерските фотељи, сега за Груевски истите тие образовни установи, замислете, не се доволно добри, рече Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

Кога СДСМ предупредуваше за потезите со кои опаѓаше квалитетот на образованието преку инфлација на факултети стимулирана од власта, тогаш Груевски обвинуваше дека СДСМ е против образование.

СДСМ предупредуваше и за популизмот и за пропагандата и за притисоците од страна на власта.

Сега, премиерот Груевски, лично, призна:

“Имаме факултети, па и цели универзитети каде проодноста на студентите е без знаење или без доволно знаење, каде што се ставаат деветки и десетки на секој, независно кој колку научил“.

Ете затоа ќе вовеле екстерно тестирање за студентите. Да се извлечат од погрешниот потег. И одат од грешка во нова грешка.

Сега, на младите луѓе власта ќе им ја крои иднината, дали треба или не треба да студираат.

На начин со кој го кршат уставното право на образование што го има секој млад човек.

Власта и Груевски, ред е да признаат дека со дисперзираните студии, со масовното студирање, со лошите учебници и со лошите закони, предизвикаа поразителни последици во образованието.

Власта и Груевски, ред е да признаат кога се искрени: кога министерот Адеми дава овластување на Одборот за акредитација и евалуација да започне конкурсот за надворешни евалуатори за екстерното тестирање на студентите или кога Груевски вели дека допрва ќе следува дебата за овој проект.

СДСМ бара да престанат експериментите врз младите луѓе. За неколку факултети, што според власта не ги задоволуваат академските стандарди, недозвиливо е да се жртвува иднината на илјадници студенти. СДСМ бара да престане експериментот со кој ќе се казнуваат студентите.

Што се однесува до повикувањата на Данска, Велика Британија и Австралија, ја повикуваме власта на Груевски, за почеток да почне со копирање на проектите во слободата на јавниот збор, независноста на судството, демократските процедури при владеењето и пред се одговорноста.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања