Точно пред една година, новинарите беа спречени да протестираат пред Музејот на македонската борба, против затворската казна и притворот во кој се наоѓаше новинарот Томислав Кежаровски.
Тој и покрај силните негодувања од меѓународната заедница и новинарските здруженија сеуште е во притвор.
Единствено десетина дена по протестот, притворот во Шутка му беше заменет со домашен притвор.
Утре Апелациониот суд ја почнува расправата по жалбата на Кежаровски за казната од 4,5 години затвор поради напишан текст.
Над триста илјади новинари од целиот свет застанува зад барањето за ослободување на Томислав Кежаровски.
Од меѓународната и Европската федерација на новинари снимија и спот со порака да му се врати слободата на новинарот кој сеуште е во домашен притвор.
Претседателот на Европската федерација, Мојенс Бјерегард неодамна повика на обединување на сите новинари и нивно активирање за да се ослободи Томислав Кежаровски. Тој го посети притворениот новинар, и нагласи дека многу е важно да не прекине борбата за слобода на медиумите и новинарите да можат да си ја вршат својата работа.