Најмалку пет лица загинаа, а 12 се повредени во експлозија на автобуска станица во градот Азарео, во нигериската држава Баучи.
Локалната полиција соопшти дека телата на жртвите не можат да се идентификуваат од изгорениците.
Очевидци тврдат дека експлозивната направа била поставена во едно паркирано возило и е активирана со далечински управувач.
Досега никој нема преземено одговорност за експлозијата, а западните медиуми објавуваат дека во оваа област порано била активна радикалната исламистичка група Боко Харам.
Ова е прв терористички напад откако нигериските власти соопштија дека е склучено примирје со Боко Харами постигнат договор за ослободување на 219-те киднапирани ученички.