А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штрајк на вработените во „Еурокомпозит“

by А1он22/10/2014 - 15:56102
Share0

Од денеска вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ стапија во штрајк барајќи да им се исплати септемвриската плата и да се направи динамика на исплата на заостанатите плати и придонеси.

Добивај вести на вибер

Според Трајче Стојаноски, претседател на основната синдикална организација работен ангажман имаат, но плата не добиваат.

– Денеска донесовме одлука да стапиме во штрајк. Бараме веднаш да ни се исплати септемвриската плата, да се направи динамика на исплата на две редовни и две заостанати плати заклучно со 25 декември оваа година, вели Стојаноски.
Вработените имаат 9 заостанати плати и бараат да им се исплатат и придонесите неисплатани од јуни 2012 година.

Според Стојаноски, од раководството на наменската фабрика „Еурокомпозит“, каде се вработени близу 300 работници, имало најави до петок да се исплати септемвриската плата, но тие чекаат потврда на тоа.

Наменската фабрика „Еурокомпозит“ е еден од загубарите и целосно е во државна сопственост. Досега имаше повеќе тендери за продажба на фавриката. Оттаму потврдуваат дека имаат работа и договорени испораки на производи.

– Има работа, но нема исплата на плати. Сакаме да ни се плати трудот, вели Стојаноски.

prilep

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 15:07

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен