„Арт ограда“ во Карпош

Од:

Во соработка со Oпштина Карпош, “Моден викенд Скопје“, денеска постави изложба на фотографии на модели на македонски дизајнери учесници на годинашнава манифестација.

Отворената изложба на фотографии која ќе биде достапна за граѓаните цел месец, е поставена на оградата на Архивот на Град Скопје, наспроти „Скопје Сити Мол“ односно на аголот на улица Московска и булеварот Партизански одреди, а истата е насловена „Арт Ограда“.

Станува збор за големи паноа од фотографии на модели кои ги носат нашите познати актерки Ивана Павлаковиќ и Дарја Ризова, Јована Василева победничката на „Танц на ѕвездите“ и манекенките на модната агенција „Подиум“.

Градоначалникот на општина Карпош, видно задоволен од преубавите креативни фотографии, ја поздрави оваа манифестација.

– Како една современа Општина, сакаме да ги следат модните трендови и од тие причини ја поддржуваме оваа изложба. Манифестацијата „Модна недела“ која се одвиваше на територија на општина Карпош, каде се снимени сите фотографии, на осум локации во Општината. Нашето вклучување и идејата на оваа манифестација и изложба е со цел да ги поттикнеме граѓаните да ги следат модните трендови, а ние како локална самоуправа даваме поддршка токму на вакви иницијативи за да можат повеќе граѓани да ги следат модните трендови од Европа и Балканот. – рече Јакимовски.

Традиционалната 10-та по ред манифестација „Модна недела-Скопје“, ќе започне утре и ќе трае до 27 октомври овој месец. Инаку фотосесијата на моделите на македонските модни креатори се правеше на осум локации на територијата на Општина Карпош, која како најурбана општина е најпретставителна за современите модни трендови, и тоа кај реновираната фасада на зградата „Мал одмор“, кружниот тек кај гимназијата „Ѓорѓи Димитров“, кај фонтаната во Карпош3, на платото кај Млечен ресторан, во дворот на манастирот Свети Пантелејмон, во дворот на ООУ „Јан Амос Коменски“, на новиот плоштад во Влае „Делфина“ и долж булеварот Партизански одреди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи