(ВИДЕО) Чакаровски: Луѓето се депресивни зашто политиките се нездрави

Од:

Откако власта на Груевски го донесе народот до егзистенцијален крах, во огромна сиромаштија, не притисна нас граѓаните од сите страни, до примери за самоубиства како начин на бегство, сега ќе `не лечат во депресивни центри, рече денеска на прес конференција Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.

Самиот Фонд за здравство, раководен од ВМРО-ДПМНЕ, призна дека во последниве 7 години, процентот на граѓани кои пијат апчиња пораснал за неверојатни 70 проценти, додаде тој.

Во првите 3 најзастапени групи на лекови се апчињата за срце, за желудник и за смирување.

Не треба да се биде психијатар за да се знае дека проблемите со срцето, со стомакот и депресијата се резултат во најголем дел на неподносливиот стрес на којшто се изложени луѓето поради начинот на живот.

Според последните достапни податоци, 200 илјади граѓани на Македонија се во депресија.

Во просек секоја петта жена и секој петти маж во земјава страда од овој проблем.

Најавата на власта за отворање 36 центри за лекување од депресија, во коишто ќе се оди без упат, без сини картони, упатува на нервозен обид на власта, да се ослободи од одговорноста, до каде ги донесе граѓаните.

До работ на огромна задолженост и сиромаштија, на беспарица, на неперспективност, до работ на издржливото.

Оттаму потиштеноста, оттаму несоница, безнадежност, раздразливост, оттаму повлеченост.

Менталното здравје на граѓаните на Македонија има загрижувачки тренд.

Тоа не се лечи само со депресивни центри. Центрите за депресија ќе ја третираат последицата. Потребно е да се интервенира во причините.

Општеството ни е болно. Политиките со коишто се управува системот се нездрави.

Апелираме, паралелно со отворањето депресивни центри, Владата на Груевски да престане да мисли само на своите интереси и да го почне лекувањето од врвот на пирамидата – од системот, како сериозен предизвикувач на алармантната состојба со депресивниот народ во земјава. Ако воопшто има волја за тоа.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина