Не запира криволовот на Охридското Езеро

Од:

Државјанин на Република Албанија е приведен и против него е поднесена кривична пријава поради незаконит риболов во македонските територијални води на Охридското Езеро.

Според полициското соопштение, на 3 октомври околу 9 часот заедничка патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ со полициски службеник од албанската езерска полиција го забележала  47-годишниот А.З. од Поградец како лови риба во македонските територијални води кај селото Трпејца.

По консултација со јавен обвинител А.З. е приведен во полициска станица, при што се запленети четири парчиња охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по шест блинкери и друга рибарска опрема, метален чамец, вонбродски мотор марка „Џонсон“, пластична канта за бензин, клешти и друга опрема.

Неодамна полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ затекна малолетник кој со подводна пушка врши незаконит риболов.

Во неколку акциски контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа-вила ,,Билјана“ пронашле и заплениле рибарска мрежа со должина од околу 50 метри и димензии на окца 60×60мм со улов од осумнаесет парчиња риба – десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми. Во слична акција, полициската станица за граничен надзор пронашла и одзела 20 рибарски мрежи со вкупна должина над илјада метри, релиси 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци риболовен алат и прибор.

Притоа согласно Законот за рибарство и аквакултура, против неколку лица поднесени се прекршочни пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски