Турски студент, кој престојувал во Сомалија, е примен во болница во градот Измир, во западиот дел на земјата, со симптоми карактеристични за еболата, пренесе турската телевизија НТВ.
Дваесетгодишниот пациент во болницата бил примен со висока телесна температура и стомачни болки. Земена му е крв за анализа, а мострите биле испратени на дополнителни лабораторски истражувања .
Во моментов тој е подложен на болничко лекување под специјални безбедносни мерки.
Студентот за Сомалија заминал пред еден месец.