Тајландските хотелиери бараат укинување на законот за вонредна состојба

Од:

Директна последица на воениот удар во Тајланд, изведен на 22 мај годинава, е пад на туристичкиот промет во државата, каде што лани престојувале 28, а годинава ќе има помалку од 25 милиони странски туристи.

Во првите девет месеци од годинава на аеродромот во Бангкок слетале 9,1 милиони, а во истиот период лани 11,3 милиони патници.

Овие податоци денеска ги соопшти туристичката асоцијација на Тајланд, а нејзиниот претседател Итирит Кинглаке побара сегашната преодна влада да го исполни ветувањето и да ги укине мерките од законот за вонредна состојба кој, меѓу другото, овозможува полициски час со различно времетраење.

Тоа што во три од седумте најпознати летувалишта и во Бангкок полицискиот час е укинат, за туроператорите не значи многу. Прогласената вонредна состојба резултира со намалување на интересот за посета на Тајланд, а на сметка на тоа рапидно пораснал туристичкиот промет во блиските дестинации, особено во Виетнам, Индонезија, па дури и во се уште политички нестабилниот Мјанмар.

Пред десетина дена шефот на воената хунта, а сега претседател на преодната влада, пензионирнаиот генерал Прајут Кан-ока најави укинување на законот за вонредна состојба и побара туристичката индустрија повторно да планира промет со 28 милиони гости, колку што Тајланд имаше во 2013 година. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач