Во шумите на планината Алигени во англиската област Нортамберленд е изградена мала дрвена куќа, која се наоѓа во близина на една река.
Куќата е целата рачно изградена од страна на нејзиниот сопственик во 2009 година. Во изградбата се користине десет типови на дрво и локален камен, а и сето друго во куќата е од природен матереијал.
Сместена на врвот од карпа со поглед кон еден планински извор, оваа дрвена куќа со својта топла како да ја оживува шумата. Таа има дневна соба, целосно опремена кујна и соба за спиење, крај која е сместена убаво дизајнирана бања со туш кабина. Во поткровјето на куќата има кревет и отворена тераса, која служи за одмор и опуштање.
Куќарката користи алтернативни извори на енергија. Батериите од 12 волти слузат за напојување на лед светилките, вентилаторот, кој е сместен на плафононт, како и на лап топот и полначите на мобилните телефони на сопствениците. Фрижидерот, шпоретот, ѕидното греење, скарата и дополнителното осветлување користат гас.
Убаво изработената и внимателно дизајнираната колиба е совршено место за многу работи, посебно за оние кој сака да бидат во допир со природа што ги опкружува и воедно повикува да се стане дел од нејзината душа.