Властите во Хонг Конг и лидерите на студентските протести постигнаа согласност за неколку точки од првиот круг преговори, што почнаа по повеќе од тринеделните демонстрации.
Главниот администратор на Хонг Конг, Леунг Чун-jинг потврди дека нема да го прифати основното барање на демонстрантите – граѓаните да добијат право да номинираат кандидати на првите општии избори во 2017 година.
Во исто време, тој изрази подготвеност да преговара за начинот на формирање на комитетот, кој ќе ги одобрува кандидатурите. Тоа прашање ќе се разгледува на вториот круг од преговорите, следните месеци.
Студентските лидери, исто така, покажаа дека не се расположени за компромиси.