Американските воени авиони вчера и денеска извршија четири напади врз позиции на Исламска држава во Сирија и учествуваа во уште три напади во Ирак, заедно со земјите-парнери од антиџихадистичката коалиција, соопшти воената команда на САД (Сентком).
Во нападите учествуваче три воени авиони. Во нападите изведени во околината на сирискиот град Кобане уништени се позиции и згради на ИД.
Во Ирак нападната е позицијата на ИД во околината на Мосул, како и позицијата јужно од рафинеријата Баиџи.