Словачка забрани извоз на вода за пиење и минерална вода

Од:

Словачкиот Парламент одобри денеска измени во уставот, со кои се забранува извоз на вода за пиење од земјата.

Промената во законот беше донесена со 102 за и пет гласови против, при што владејачката левоцентристичка коалиција беше поддржана и од некои опозициски пратеници.

Согласно забраната водата за пиење и минералната вода не може да се извезува од Словачка преку цевки или во цистерни. Тоа не го засега изнесувањето вода за лични потреби или во шишиња.

Словачка има доволно водни ресурси, но премиерот Роберт Фицо ја нарече забраната „разумен чекор“. Според него, таа се покажала неопходна по обидите да се изградат цевководи за транспортирање вода од Словачка во соседните Полска и Унгарија.

Фицо рече дека забраната била усогласена со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина