Непалските власти соопштија денеска дека ќе воведат нови правила, ќе ги подобрат временските прогнози и попрецизно ќе го набљудуваат движењето на туристите, откако десетици луѓе загинаа минатата седмица во најтешката планинска катастрофа во историјата на хималајската земја.
Согласно новите одредби, планинарите ќе треба да земаат обучени локални водичи и да најмат опрема за следење со ГПС, за да помогнат на спасувачките служби да ги најдат во случај на потреба.
Владата планира да ги објави новите правила во целата земја пред следната туристичка сезона пред следната туристичка сезона на пролет.
Властите исто така планираат да го подобрат системот за метеоролошки прогнози и да го олеснат предавањето информација за далечни планински маршрути.
Најмалку 41 лице загина минатата седмица во виулица и лавина врз планински реон во Северен Непал. Од нив 21 беа странски турсти, а 20 непалски водичи, носачи и селани.