Во Велес изложба на документи и фотографии „Балканските војни во Македонија 1912-1913“

Од:

Во ликовниот салон во Велес денеска беше отворена изложбата „Балканските војни во Македонија 1912-1913“ од авторите проф. д-р Зоран Тодоровски и проф. д-р Александар Трајановски.

Изложбата претставува фотографии од луѓе и настани од воените дејствија во Македонија за време на Балканските војни 1912-1913 година.На дваесетина паноа, како што појасни за медиумите, проф. д-р Зоран Тодоровски заедно со неговиот колега проф. д-р Трајановски настојувале низ голем број на документи и фотографии,скици и воени карти да ги прикажат воените дејствија од тоа време во Македонија.Тој појасни дека најголем дел од материјалите потекнуваат од Воениот архив од Велико Трново, Софија, Москва и Париз и првпат и се презентираат на јавноста преку оваа изложба.

– Преку оваа изложба сакаме да го одбележиме оној мошне значаен настан од историјата на Македонија,Балканските војни кои претставуваат распарчување не само на територијалната целост на Македонија туку и на македонскиот народ,потенцира проф. д-р Тодоровски.

Како што појасни Тодоровски на овие фотографии и документи е претставено и учеството Македонците, а кои се бореле во состав на бугарската армија и македонски доброволни дружини, а кои први почнаа да ги ослободуваат македонските градови како Кратово,Куманово,Прилеп,Битола,Охрид, Дебар и други градови.

Во борбените дејствија учествувале вкупно 100 илјади Македонци, а во борбените дејствија за ослободување на македонските градови бил вклучен и целокупниот воен потенцијал на Македонската револуционерна организација со 47 свои чети.

Проф. д-р Александар Трајановски појасни дека велешани масовно се одзвале во Балканските војни осебно во Првата, а биле мобилизирани во деветата доброволна дружина.

– За жал наместо тука тие војувала во Одринско Тракиско со 848 доброволци од велешкиот крај, а за што има зачувано многу документи, а тоа наскоро македонската јавност ќе го види во една публикација што ја правам заедно со колегата проф. Тодоровски,потенцира проф. Трајановски.

Проф. Трајановски воедно потенцира дека е трагично е и што загинатите Македонците за жал се погребани без идентите во бугарски,српски и други гробишта.

Инаку, изложбата беше првично отворена пред две години во Куманово, а потоа и повеќе македонски градови. Во Велес денеска е отворена во рамки на прославата на претстојниот празник 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Би можело да ве интересира

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес