А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ХЕ Бошков Мост во согласност со најстрогите директиви за заштита на животната средина

by А1он21/10/2014 - 16:28187
Share0

АД „Електрани на Македонија“ од почетокот на реализацијата на проектот ХЕ Бошков Мост најпрофесионално и во согласност со сите постојни меѓународни стандарди и политики на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презеде низа активности во насока на оценка на влијанието на овој енергетски објект врз животната средина, велат од компанијата.

Добивај вести на вибер

За таа цел, додаваат, изработена е Студија за оценка на влијанието врз животната средина согласно строгите ЕУ директиви, а во изминативе две години се реализирани и подготвителни активности како дел од зацртаните обврски произлезени од Акцискиот план за заштита на животната средина и социјалните аспекти.

– Сите предвидени активности се одвиваат со предвидена динамика во согласност со домашната регулатива и правилата на ЕБОР. Во текот на 2012 и 2013 година завршен е едногодишен еколошки мониторинг на територијата на идната електрана со кој се предвидени и усвоени дополнителни мерки за заштита и минимизирање на несаканите последици од проектот. Во согласност со препораките од ЕБОР и од Акцискиот план за заштита на животната средина и социјалните аспекти, во моментов интензивно се изведуваат активности од страна на повеќе експертски тимови ангажирани од страна на АД ЕЛЕМ и тоа е во целост усогласено со барањата на засегнатите страни како што се невладини организации, локалното население, здруженија на граѓани и надлежните институции, соопшти компанијата.

Оттаму велат дека во соработка со Европската банка за обнова и развој и надлежните институции во Република Македонија се силно посветени кон реализација на овој значаен проект во согласност со сите директиви на ЕУ и правила на ЕБОР за заштита на животната средина.

– Компанијата и понатаму останува транспарентна и отворена во однос на сите тековни и идни активности поврзани со проектот „Бошков Мост“, нагласуваат од АД ЕЛЕМ.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен