ВМРО-ДПМНЕ: Нема зголемување на приходите од казни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на прес-конференцијата на СДСМ истакнува дека нивните денешни обвинувања се груба манипулација.

Оттаму посочуваат дека нема зголемување на приходите за казни.

– Апсолутно не е точно дека е зголемена ставката на приходи по основ на глоби и казни во Буџетот за 2015 година. Тоа секој може да го види на јавно објавениот Буџет на страна 72. Ставката приходи од судски и административни такси и глоби е на исто ниво со оваа година, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, казните учествуваат со само 0,3 отсто во приходите или 8 милиони евра.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која се залага за правична казнена политика. На почетокот на овој мандат беше прилагодена казената политика на големината на фирмите и нивната платежна моќ, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина