Стојаноски: Неодговорниот однос на Бакрачески ги иселува младите од Охрид

Од:

Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ветија изградба на нова современа меѓународна автобуска станица како приоритет. Помина година и половина ама нова автобуска станица во Охрид нема, обвинуваат од општинската организација на СДСМ од Охрид.

„Не е релизирано ниту ветувањето за нов откупно – дистрибутивен центар за раноградинарски производи, со ладилник, во Лакочереј. Земојделците од овој крај ќе чекаат подобри времиња.

Го нема ниту ветениот Дом за стари лица, ниту затворениот пазар во Охрид. На граѓаните на Охрид ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачевски им ветуваа и затворен базен за пливање и катни гаражи.

Денес, тоа се само нови неостварени ветувања на ВМРО-ДПМНЕ. До крајот на 2014 година охриѓани ќе останат и без ветената развојна индустирска зона“, истакна Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Охрид.

Стојаноски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не донесе напредок, ниту Охрид го направи подобро место за живеење туку напротив, Охрид е на врвот во економската стагнација.

„Токму затоа во Охрид се случува и најмасовното иселување на млади, образовани луѓе. Дури 766 млади луѓе се иселиле од Охрид за една година. Подобрување на условите за живот на граѓаните на Охрид не беше приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Но затоа ги задолжија граѓаните за следните 16 години со 127 милиони денари.Е тоа ВМРО-ДПМНЕ не го вети, но го оствари“, додаде Стојаноски.

На денешната прес – конференција од СДСМ рекоа дека задолжувањата на охриѓани и неисполнетите ветувања се единствените што им останаа на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачевски по изборите и, како што рекоа, сето ова го покажува неодговорниот однос на Никола Бакрачевски и ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните на Охрид.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски