Владата донесе одлука да се зголеми износот на субвенциите за привлекување туристи од Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија од сегашните 25 на 35 евра по турист.
Како што информира портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција, услов за добивање субвенција за туристите од БиХ, Србија и Бугарија е да имаат организиран престој во Македонија со најмалку седум ноќевања, како и организирано да доаѓаат во земјава со авионски превоз.
Покрај тоа, од 1 јануари 2015 година се предвидува и субвенционирање во износ од 65 евра по турист за привлекување туристи од Германија, САД, Англија, Казахстан, Азербејџан и Катар. Услов за добивање субвенции за туристи од овие земји е да имаат најмалку три ноќевања во Македонија.