ТХП: Власта си поигрува со образованието на припадниците на турската заедница

Од:

Во последните години се’ повеќе се вработува несоодветен кадар за настава на турски јазик во основните и средните училишта, се случува дискриминација во образованието на турски мајчин јазик, тврди Партијата за движење на Турците (ТХП)

„Сметаме дека овие случаи кога наместо соодветни дипломирани кадри се вработуваат несоодветни кадри имаат една цел, учениците од турската заедница да останат без потребните знаења кои треба да бидат стекнати во овие образовни подсистеми. Несоодветните кадри во основното образование се вработуваат и покрај тоа што не го познаваат турскиот јазик и неговото писмо, односно учениците по некои предмети не следат настава на мајчин јазик што е нивно Уставно и законско право. Владејачката гарнитура и коалиционите партнери продолжуваат со популизмот на тој начин го задоволуваат членството со вработување во училиштата, при тоа не се земаат во предвид интересите на учениците кои имаат право на настава на мајчин јазик и квалитетен наставник со стекнато соодветно образование. Во последниве години се почесто слушаме дека наставниците и професорите во училиштата се за учениците, па би сакале да прашаме кој е интересот на ученикот кој се запишува да следи настава на мајчин турски јазик, а при тоа наставникот или професорот изведува настава на друг наставен јазик. Несоодветни наставници со договор се вработени и во одделенска настава и тие немаат стекнато Педагошки факултет, на сметка на тоа не се вработуваат кадрите кои завршиле бидејќи не се политички подобни за власта и коалиционерните партнери. Сметаме дека ваквиот пристап го нарушува квалитетот во наставата и доколку навреме не се превземат потребните мерки за спречување на оваа појава штетите кој ќе се нанесат на учениците и младите од турската заедница никогаш нема да можат да се надоместат.

Треба да се внимава што се „прави во образованието“ бидејќи од него зависи иднината на нашата држава и на младите, стои во соопштението на Партијата за движење на Турците.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Државјани на Турција грабнале сонародници и од нив барале пари

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот