А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дивосечачи-албански државјани ја пустошеле шумата кај струшко Франгово

by А1он21/10/2014 - 11:44314
Share0

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против албанските државјани: Г.Г.(30), Ф.Ч.(15), И.Б.(35) сите од Либражд и М.К.(25) од Поградец.

Добивај вести на вибер

Со пријавата опфатени се и Л.М.(35), П.М.(42),Л.И.(30) сите од струшкото село Франгово и А.Б. (51) од селото Радолишта.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на втори овој месец, на местото викано „Гропа“ во  атарот на селото Франгово, полициски службеници од гранична полиција Регионалниот центар„Запад“ ги затекнале албанските државјани како спротивно на Законот за шуми и Кривичниот законик вршат бесправна сеча на огревно нежигирано дрво во простор од шума во државна сопственост.

– На местото пронајдени се 110 метри просторни бесправно исечени огревни дрва и шест коњи со кои дрвата требало да се транспортираат по селски пат до домовите на останатите пријавени, жители на Франгово и Радолишта. Четворицата албански државјани биле ангажирани како дрвосечачи од пријавените жители на Франгово и Радолишта за што добиле и привремено сместување. При извршени претреси во домовите и другите простории на пријавени лица од Франгово и Радолишта,  се пронајдени и привремено одземени околу 22 метри просторни бесправно пресечени нежигирани дрва, информира Димоски.

Пријавените, подолг временски период организирано плански и смислено вршеле бесправна сеча на огревно дрво и нејзино транспортирање, со што го оштетиле имотот на Република Македонија односно Јавното претпријатие „Македонски шуми“ кое стопанисува со државната шума. 

drvamvrstruga

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 13:09

Адвокатот кој го брани Мерко и докторите кои на жена и извадија јајник, матка и бубрег казнет со 3.000 евра

А1он17/11/2025 - 17:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен