Домот „Викосо“ е куќа од 240 метри квадратни, дело на бирото „Брасил Аркитектура“, што се наоѓа на сто години старо поле со кафе во Сера да Мантикуаре во бразилската држава Минас Гериас.
Поради нерамномерната топографија на местото, изградени се посебни темели, додека куќата е направена од материјали кои воопшто не се во контраст со убавиот пејсаж. Куќата има и армирана бетонска плоча во зелена боја со што целсоно се вклопува околината, како стаклени ходници кои се надополнети со дрвени столбови кои на целината и даваат убава композиција од минатото и сегашноста.
Домот „Викосо“ е дизјаниран како две одвоени структури со посебна големина и функција, поврзани со стаклен ходник, низ кој движењето наликува како да не се допира тлото. Во еден од деловите на куќата се наоѓаат дневната соба, трпезаријата и кујната, додека другиот дел нуди приватност на домаќините,и во него се наоѓаат спалните соби. Ова на неверојатен начин, овозможува многу добро одвојување на звукот, од активната зона и спаланата соба.
Има уште една структура која е одвоена и озвоможува одмор на отворен простор, каде сопствениците можат да го минуват слободното време. Отворениот дел нуди приватност, затоа што е сместен на предниот дел од вилата, меѓу ѕидот и тревникот.
Задниот дел од домот исто така има отворен простор и голема тераса која го поддржува заедничкиот простор, додека вградената клупа која е сместена во близината на трпезаријата, воедно дава можност за опуштање од секојдневните проблеми.
Трпезаријата, која е позиционирана меѓу дневната соба и кујната, поради сличноста во ширината и должината, сопствениците одлучиле да ја опремат со современа тркалезна маса, на која може да седнат шест до осум луѓе. Заедничкиот простор е преполн со природна и сончева утринска светлина, која длабоко продира низ прозорците и создава една копозиција од светлина и благи бои. Тоа особено доаѓа до израз во утринските часови, пред се благодарение на структурата на која е ставен целиот акцент и на големите вградени прозорци кои се отвораат кон терасата.
Каминот е сместен во дневната соба пружа дополнително природно уживање и дава чуство, како да се наоѓате во некоја дрвена зимска планинска куќа. Дневнета соба со својата естетика продолжува кон терасата преку дрвена патека и бетонска плоча, која воедно служи и како надстрешница.
Од терасата сопствениците на оваа убава куќа имаат многу убав поглед кон преубавиот пејсаж, каде може да се слушне пеењето на птиците и да се долови миризбата на полето со кафе кое целсоно обзема.