Градоначалникот на Загреб ги отфрли обвиненијата за злоупотреба на функцијата

Од:

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, за време на распитот пред иследниците од хрватската служба за сериозен корупциски криминал УСКОК, ги отфрлил сите обвиненија за учество во корупциски зделки, јави Хина.

Бандиќ доцна синоќа беше сослушан во просториите на службата, по што беше вратен во истражниот затвор.

Адвокатот на Бандиќ изјави дека неговиот клиент ги отфрлил сите обвиненија.

Градоначалникот на Загреб беше уапсен во неделата заедно со извршниот директор на „Загребски холдинг“, Слободан Љубичиќ, сопственикот на компанијата за индустриски отпад ЦИОС, Петар Припуз, и 16 други лица под сомнеж за извршени серија кривични дела поврзани со злоупотреби на буџетот на хрватскиот главен град.

Според полициски извори, апсењата биле извршени по неколкумесечна истрага за злоупотреби во градската управа и „Загребски холдинг“.

Уапсените лица се осомнилени за серија кривични дела, поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и трговија со влијание.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер