Договор за финансирање Проект за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, со кредит од 52 милиони евра од Светска банка ќе биде потпишан денеска во Скопје.
Во првиот дел од проектот треба да бидат обновени 112 километри магистрални и регионални делници. Следната година е предвидена обнова на патните правци Бошков мост – Дебар, Ресен – Буково и Битола – Макази. Заемот е со рок на исплата од 23 години и шест години грејс период.
Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурјакова и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.