Норвежанката која се зарази со вирусот на ебола додека работела за организацијата Лекари без граници во Сиера Леоне е излекувана.
Портпаролката на норвешкиот огранок на Лекари без граници, Јонаса Хаденсен, рече дека Норвежанката која е излекувана од ебола го напуштила одделението за интензивна нега на Универзитетската болница во Осло.
Сиера Леоне, покрај Либерија и Гвинеја, е најтешко погодена од ебола меѓу земјите во Западна Африка. Од ебола досега почина 4.500 луѓе, а над 9.000 се инфицирани.