Српската тенисерка Ана Ивановиќ загуби од Серена Вилијамс во два сета со 6-4 и 6-4 во меч од првото коло од „црвената’ група на ВТА завршниот турнир.
Тоа беше 8-ма победа на американката во 9 дуели со Ивановиќ.
Следи мечот Симона Халеп-Бушар а во вторник на програмата се мечевите од „белата“ група, Шарапова-Вознијаци и Квитова-Радванска.