Општина Карпош: Каков Хирург – Таков советник

Од:

Полуанонимниот советник и веројатно второразреден абдоминален хирург на кого врвен дострел во неколкудецениската кариера му е да закрпи некоја кила, да извади слепо црево (под услов да не е воспалено) или некому, кој баш сака да рескира со своето здравје, да му извади и жолчка, велат од Општина Карпош.

Човек кој поради деструктивноста е изолиран од својата фела, таа деструктивност очигледно ја пренесе и во советничката група на СДСМ во Карпош. Иван Спировски, по се изгледа колку го бива за хирург, толку го бива за политика.

Тој несомнено, освен со карактерот има проблем и со сетилата за слух и вид, па упорно турка извествени фрази на неговата партија.

Тој не гледа дека новата општинска зграда продолжува да се гради, а и тоа дека градоначалникот Стевчо Јакимовски јавно ги поддржа граѓаните од Тафталиџе во напорите да не им се одзема дел од нивните дворови за изградба на сервисни улици.

Што се однесува до исполнувањето и несиполнувањето на дадените ветувања, токму градоначалникот Стевчо Јакимовски е познат меѓу граѓаните по своите остварени ветувања, а токму СДСМ ја изгуби власта и довербата меѓу граѓаните поради неостварените ветувања.

Едно од таквите епохални ветувања беше и она дека ќе вработеле по еден член од секое семејство. Токму советникот пак, Иван Спировски, во времето на владеењето на СДСМ беше директор на четири здравствени институции, а за цел мандат не вработи никого. Оттаму, не ни е јасно, како има образ да излезе пред јавноста и пред членството на партијата и згора да збори за неостварени ветувања.

Затоа пак на очајната СДСМ, со секој изминат ден, како „гракаат“ по смешните пресови, така им паѓа по еден „аргумент“ во вода. Така говореа за плоштадот во Влае, сега замолкнаа. За ветувањата на Јакимовски точно се знае што ветил и што остварил и оставил зад себе, но граѓаните на Карпош не знаат партијата на Спировски, која остана изгубена во времето и просторот што ветила и што остварила во Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира