ФОТО: Двојазични табли на државните институции во Охрид

Од:

Двојазични табли деновиве осамнаа на вратите од државните институции во Охрид. Во подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, покрај македонски, називите на таблите од пред некој ден се преведени и на албански јазик.

Според Законот за употреба на јазици, такви табли треба да се постават во населено место каде малцинството е поголемо од 20 %, што не е случај и во Охрид. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одговорија дека лицето задолжено за односи со јавност во моментот не било во можност да одговори за поставувањето на двојазичните табли во Охрид.

DSC01724

За овој случај реагираа и од опозициската ВМРО – Народна партија потенцирајќи дека со овој потег, власта сака да ги испровоцира охриѓани.

Која е целта на власта со оваа провокација за граѓаните на Охрид?! Дали власта предводена од најмакедонската партија ВМРО – ДПМНЕ има црни сценарија за Охрид и охриѓани?! Дали ова е уште еден од штетните договори со нивниот коалиционен партнер во централната политика за државата?! – прашаа од ВМРО – Народна партија.

DSC01725

ВМРО – ДПМНЕ самата сака да се декларира како најголем чувар на македонскиот идентитет, но со овој потег е далеку од тој епитет. А1он ќе го следи случајот и тоа дали некој ќе понесе одговорност за поставувањето на двојазичните табли во Охрид со што беа прекршени законските рагулативи.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија